Последна измена: 15 октомври 2026 · Важи од: 15 октомври 2026

Услови на користење

Овие услови важат меѓу тебе и Тодор Тодоровски, физичко лице од Скопје, Северна Македонија („ние“), и го уредуваат користењето на апликацијата Lexro и на веб-сајтот lexro.todorx.dev. Со инсталирање или користење на Lexro ги прифаќаш. Ако не се согласуваш со нив, не ја користи апликацијата.

Најважното, накратко

1. Што е услугата

Lexro е апликација за учење странски јазици — грчки, англиски, француски, германски, шпански, италијански, португалски, турски, албански, холандски и полски — наменета за говорители на македонски, српски и бугарски. Содржи вградени речници, пример-реченици, мисии и лекции, збирки зборови, повторување во интервали, режими за вежбање и вештачки тутор за разговор.

Апликацијата постојано се развива. Функции може да се додаваат, менуваат или отстрануваат, а онлајн-функциите повремено може да бидат недостапни. Не ветуваме непрекината работа ниту одреден степен на достапност. Функција што е дел од платениот Премиум нема да ја отстраниме среде период што веќе си го платил без соодветна замена или поврат.

2. Цена, реклами и Премиум

Lexro е бесплатна за користење. Бесплатната верзија прикажува реклами (види Политика на приватност) и има дневна граница на пораки до туторот.

Премиум е изборна претплата што отстранува реклами и ја зголемува дневната граница на пораки до туторот на 100. Се нуди месечно, на 6 месеци и годишно.

3. Возраст

Апликацијата не е наменета за деца под 13 години. За да отвориш сметка или да купиш Премиум мора да имаш најмалку 16 години, односно возраста определена во твојата земја ако е пониска, но не под 13 години. Под таа возраст сметка отвора само родител или старател, или со негова согласност.

4. Сметка

Речникот, повторувањето, лекциите и мисиите работат без сметка. Сметка бараат АИ-туторот, ранг листата и Премиум. Ако отвориш:

5. Прифатлива употреба

Се согласуваш да не ја злоупотребуваш услугата. Забрането е особено:

6. Вештачкиот тутор

Одговорите ги генерира јазичен модел и може да содржат грешки, вклучувајќи погрешна граматика, погрешен превод или измислен податок. Тие се помош при учење, а не се стручен, правен, медицински, финансиски ниту каков било професионален совет. Проверувај важно пред да се потпреш на него.

Пораките до туторот се испраќаат до надворешен давател за да бидат одговорени. Како точно, е опишано во Политиката на приватност. Не внесувај лични или доверливи податоци во разговорот.

Не полагаме право на сопственост врз она што ти го пишуваш на туторот. Ни даваш само она што е неопходно за да ја дадеме услугата: да ја пренесеме и обработиме твојата порака за да добиеш одговор.

7. Права врз содржината

Кодот, дизајнот, логото, името Lexro, лекциите и граматичките белешки што сме ги напишале ни припаѓаат нам. Ти даваме ограничена лиценца да ја користиш апликацијата за лично, некомерцијално учење; деталите се во EULA.

Речникот и пример-речениците не се наши. Речникот е изведен од англиската Wiktionary преку Kaikki/Wiktextract и е под CC BY-SA 4.0 и GFDL. Пример-речениците доаѓаат од Tatoeba, под лиценца по реченица (CC0, CC BY или CC BY-SA). Тие материјали остануваат под своите лиценци и ти ги користиш под нив, не под нашите услови. Целосна атрибуција: Извори и лиценци.

8. Приватност

Како постапуваме со податоците е целосно опишано во Политиката на приватност, која е составен дел од овие услови.

9. Престанок

Можеш да престанеш да ја користиш Lexro во секое време со бришење на апликацијата.

Ние можеме да го ограничиме или прекинеме пристапот до онлајн-функциите (тутор, резервна копија, сметка) ако ги прекршиш овие услови, ако тоа е потребно за да се заштити услугата или ако тоа го бара закон. Кога околностите го дозволуваат, прво предупредуваме и даваме можност за исправка. Офлајн-содржината што веќе е на твојот уред останува достапна.

10. Гаранции и одговорност

Услугата се дава „како што е“ и „како што е достапна“, без гаранции за соодветност за одредена цел, точност на содржината или непрекината работа.

Во максималниот обем дозволен со закон, не одговараме за индиректни, случајни или последични штети, ниту за изгубена добивка или изгубени податоци. Затоа и препорачуваме да ја вклучиш резервната копија ако напредокот ти е важен.

Ова не ги ограничува задолжителните права. Ништо во овие услови не ја исклучува одговорноста за намера или груба небрежност, за смрт или телесна повреда, ниту задолжителните права што ти ги дава законот како потрошувач во твојата земја. Ако некоја одредба е неважечка, останатите остануваат на сила.

11. Продавници за апликации

Ако си ја преземал Lexro преку Google Play или App Store, важат и правилата на таа продавница. Apple и Google не се страни во овој договор и не одговараат за апликацијата, нејзината содржина ниту за поддршката — таа доаѓа од нас, на адресата подолу.

12. Промени на условите

Условите може да се ажурираат. Новата верзија се објавува на оваа адреса со ажуриран датум, а суштинска промена се најавува во апликацијата најмалку 14 дена однапред. Продолженото користење по влегувањето во сила значи прифаќање; ако не се согласуваш, престани да ја користиш услугата.

13. Меродавно право и спорови

Се применува правото на Северна Македонија. Ако си потрошувач со престој во ЕУ, ова не ти ја одзема заштитата на задолжителните прописи на твојата земја, ниту правото да поведеш постапка пред судот во твоето место на престој.

Пред спор, пиши ни — речиси сè се решава со една порака. Потрошувач од ЕУ може да користи и платформа за онлајн решавање спорови на Европската комисија.

14. Контакт

[email protected]
Тодор Тодоровски, Скопје, Северна Македонија