Бришење на сметка и податоци
Речникот, повторувањето и лекциите во Lexro работат без сметка. Ако никогаш не си отворил сметка и не си вклучил резервна копија, нема што да се брише кај нас — сè живее на твојот уред и си оди со апликацијата. Ако си, подолу е точниот пат.
Накратко
- Сметка и сè врзано за неа — во апликацијата: Профил → Поставки → Избриши ја сметката. Веднаш.
- Без пристап до апликацијата — барање на [email protected]. Најдоцна за 30 дена.
- Премиум се откажува посебно, во Google Play. Бришењето на сметката не ја откажува претплатата.
1. Што воопшто постои
Пред да бришеш, вреди да се знае што каде стои. Поделбата е објаснета целосно во Политиката на приватност.
- Напредок на уредот — зачувани зборови, картички за повторување, мисии, низа и поставки.
- Резервна копија — JSON документ со истиот напредок, по еден за секој јазик. Стандардно исклучена.
- Сметка — е-пошта и лозинка, Google или Apple. Чуваме адреса и, ако провајдерот го дава, прикажано име.
- Премиум — токенот за купување од Google Play, планот и датумот до кога важи.
- Ранг листа — избраното име и бројот зборови оваа недела, ако си се приклучил.
- Пријави на грешки — што си ни напишал преку „Пријави грешка или предлог“.
- Извештаи за падови — без идентификатор што ги врзува за тебе.
2. Бришење во апликацијата
- Отвори Lexro и допри го аватарот горе десно (Профил).
- Отвори Поставки.
- Во делот Сметка допри Избриши ја сметката и потврди.
Сметката и сè што е врзано за неа — резервните копии, Премиум-записот, редот на ранг листата, пријавите на грешки и квотата на туторот — се бришат веднаш и трајно, а со нив и напредокот на тој телефон. Ова не може да се врати.
Без бришење на сметката, во Поставки можеш да избришеш и само дел:
- Напредок на уредот — Поставки → Податоци → Избриши го целиот напредок.
- Резервна копија без сметка — Поставки → Избриши ја резервната копија.
- Ранг листа — Напушти, во самата ранг листа.
- Извештаи за падови — Поставки → Податоци → исклучи.
Отстранувањето на апликацијата го брише сè што е на уредот, но не ја брише сметката ниту резервната копија. За нив користи ги чекорите погоре или барањето подолу.
3. Бришење без апликацијата
Ако повеќе немаш пристап до апликацијата, пиши на [email protected] од адресата поврзана со сметката — така знаеме дека барањето е твое — и кажи дека бараш бришење на сметката во Lexro. Ја бришеме заедно со сè погоре најдоцна за 30 дена од приемот и ти потврдуваме по е-пошта.
4. Што се брише и што останува
| Податок | По бришење на сметката | Рок |
|---|---|---|
| Сметка (адреса, прикажано име) | Се брише | Веднаш од апликацијата, или до 30 дена по барање |
| Резервни копии | Се бришат | Исто |
| Премиум-запис (токен, план, датум) | Се брише | Исто |
| Ранг листа, пријави на грешки, квота на туторот | Се бришат | Исто |
| Напредок на тој телефон | Се брише | Веднаш, локално |
| Разговори со туторот | Не се чуваат кај нас | Нема што да се брише |
| Извештаи за падови | Остануваат, но не се врзани за тебе | Се бришат по истекот на рокот на чување кај Sentry |
| Претплата во Google Play | Не се откажува сама | Откажи ја во Google Play |
5. Право на бришење
Бришењето е твое право по ОРЗП и по Законот за заштита на личните податоци на Северна Македонија, а не услуга што ја нудиме по избор. Целиот список права, заедно со правото на жалба до Агенцијата за заштита на личните податоци, стои во Политиката на приватност.
6. Прашања
Ако нешто од горното не се совпаѓа со тоа што го гледаш во апликацијата, пиши на Поддршка — одговара човек.